CANNA THERAPY HOT ГЕЛ

Особини и намена:  Canna therapy HOT гелот е козметички производ кој содржи 5% масло од семе на коноп наменет за апликација на кожа, со ефект на загревање кој ја поттикнува циркулацијата и благотворно делува на болката. Екстрактот од лута пиперка, метил салицилат и етеричните масла предизвикуваат ефект на загревање кој ја намалува болката и предизвикува опуштање. Овој начин на употреба е погоден кај состојби пропратени со намален проток на крв како што се: ревматски болки, грчеви во нозете, ишијас и болки во грбот.

Состав: масло од семе на коноп, екстракт од пиперка, масло од терпентин, етерично масло од цимет, етерично масло од еукалиптус, метил салицилат, етерично масло од каранфилче, етерично масло од лаванда, прочистена вода, вазелин, цетирил алкохол, масло од семе на сончоглед, глицерол, полиетиленгликол, ксантан гума, карбомер, феноксиетанол, етилхексилглицерол, натриум хидроксид, бутилхидрокситолуен.

Дозирање и начин на употреба: гелот се нанесува на болното место 3 до 4 пати во текот на денот. Во зависност од типот на кожа, топлиот ефект може да се почувствува веднаш по нанесувањето или подоцна. По употребата веднаш да се измијат рацете. Да се избегнува контакт со очи и лице. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка.

Пакување: 250 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.