УРОГОЛД ФИЛТЕР ЧАЈ

Особини и намена:  Уроголд чајот помага во отстранување на симптомите при воспаление на мочниот меур и уринарниот тракт. Листот од мечкино грозје содржи гликозиди кои имаат антисептично дејство врз уринарниот тракт. Надземениот дел од килавица содржи сапонини кои го стимулираат лачењето на урина, додека пак коренот од магдонос содржи етерично масло со апиол, кој го стимулира бубрежниот паренхим што резултира со силен диуретичен ефект. Сладкиот корен заради присуството на глициризинската киселина делува бактериостатски. Листот од нане му дава на чајот карактеристичен, освежителен вкус.

Состав: лист од мечкино грозје, корен од зајачки трн, надземен дел на килавица, корен од магданос, лист од нане, сладок корен

Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж, без да се заслади. Се употребува 2 до 3 пати во тек на денот.

Пакување: 20 филтер кесички

Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место