РИБИНО МАСЛО КАПСУЛИ

Особини и намена: Рибино масло меките капсули се диететски производ, додаток во исхраната кој се користи како природен извор на омега-3 масни киселини, витамин A и Д3. Рибиното масло тип А е прочистено масло од свеж хепар на Gadus morhua L. и други видови риба од фамилијата Gadidae. Рибиното масло кое се наоѓа во овие капсули содржи голема количина на омега-3 масни киселини  (EPA минимално 70 mg/g, DHA 100 mg/g) како и Д-алфа токоферол со што се заштитува срцето и крвните садови. Поради содржината на витаминот А, рибиното масло има позитивно влијание на видот, посебно при кокошкино слепило и при оштетување на корнеата. Содржината на витаминот Д3 во рибиното масло придонесува за правилен раст и развој кај децата, како и за превенција од остеопороза и рахитис.

Состав: една капсула содржи рибино масло (тип А) 500 mg што одговара на витамин А (300 – 1250 IU односно 90 μg – 375 μg) и витамин Д3 (30 – 125 IU односно 0,75 μg – 3,12 μg).

Останати состојки: желатин, глицерол и вода

Дозирање и начин на употреба: деца 1 до 2 капсули дневно, возрасни 1 до 3 капсули дневно

Пакување: 90 меки желатински капсули

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца