ОМЕГА 3 1000 МЕКИ ЖЕЛАТИНСКИ КАПСУЛИ

Особини и намена: Омега 3 1000 се меки желатински капсули кои се користат за заштита на срце и крвни садови. Рибиното масло кое влегува во состав на овие капсули, содржи значајна количина на омега-3-масни киселини: EPA, DHA како и D-алфа-токоферол (витамин Е). Омега 3 масните киселини го намалуваат зголемениот крвен притисок, го намалуваат зголеменото ниво на триглицериди и на тој начин помагаат во спречување и развој на атеросклероза.

Состав: една капсула содржи рибино масло (не помалку од 30 % EPA и DHA) 1000 mg, што одговара на вкупно омега-3-масни киселини (не помалку од 300 mg) од кои ЕРА (како слободни масни киселини) не помалку од 160 mg и DHA (како слободни масни киселини) не помалку од 100 mg.

Останати состојки: желатин (HALAL и Кosher квалитет), состојка за задржување на влага (глицерол) и прочистена вода

Дозирање и начин на употреба: една до две капсули, еднаш на ден, за време на оброк

Пакување: 30 и 75 меки желатински капсули

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца