ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ЏУМБИР

Особини и намена:  Зелениот чај со ѓумбир е одлична билна мешавина богата со витамини (Ц, А, Б, Е), минерали (калиум, магнезиум) и активни состојки кои ќе Ве освежат, но и ќе го зајакнат Вашиот имунолошки систем. Зелениот чај содржи витамин Ц, катехини и полифеноли кои имаат позитивно дејство врз целиот организам. Чајната мешавина содржи силни антиоксиданси кои ги спречуваат негативните ефекти на слободните радикали. Коренот од ѓумбир во чајот ја подобрува циркулацијата на крвта дејствувајќи како вазодилататор. Бидејќи ја стимулира продукцијата на желудочните сокови, ги релаксира дигестивните мускули, ги апсорбира и неутрализира отровите во желудникот и помага при грчеви и лошо варење на храната.

Состав: чајната мешавина содржи: лист од зелен чај 75%, ризом од џумбир 16 %, арома на лимон 4 %, кора од лимон 3 %, надземен дел од босилек 2 %

Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж и по потреба може да се заслади

Пакување: 20 филтер кесички по 2 g

Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место