VITTA LINE ХИДРАТАНТНА КРЕМА

Особини и намена:  Vitta line хидратантната крема се користи за дополнителна хидратација на сувата кожа. Благодарение на добро избалансирана комбинација на најпрефинети масла од бадем и маслинка, со употреба на природен емулгатор на холестерол, оваа крема ги поттикнува сопствените механизми на кожата за внатрешна хидратација и одржување на влажноста. Поради присувството на витамин Е оваа крема на природен начин го забавува процесот на стареење на кожата. Лица кои имаат масна кожа можат да ја користат и како ноќна крема. Идеална е и како подлога за шминка.

Состав: масло од бадем и маслинка, емулгатор холестерол, витамин Е

Дозирање и начин на употреба: се нанесува на кожата на лицето, еднаш до два пати во тек на денот.

Пакување: 50 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C