ROLLY МУЛТИВИТАМИНСКИ СИРУП, 150 ml

Особини и намена: Rolly мултивитаминскиот сируп за деца е граничен производ кој се употребува за правилен раст и развој кај децата, заштита и подобрување на функциите на имунолошкиот систем, кај деца со намален апетит и симптоми како што се слаба концентрација на училиште и истоштеност. Исто така, се користи и како додаток при терапија со антибиотици, како диететска надополна на витамини и минерали, особено во текот на зимскиот и пролетниот период.

Состав:  содржи 11 витамини (A, Ц, E, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б8, Б9, Б12) и 3 минерали (калциум цитрат, магнезиум цитрат и железо глуконат). Производот има арома на портокал и е збогатен со матичен млеч кој го зголемува имуниот систем кај децата во текот на целата година.

Останати состојки: прочистена вода, фруктоза, ксантан гума, регулатор на киселост: лимонска киселина, Д-а-токоферол ацетат, ниацин, конзерванси: калиум сорбат и натриум бензоат, калциум пантотенат, природен хидрохлорид, тиамин хидрохлорид, рибофлавин, ретинил палмитат, фолна киселина, биотин.

Дозирање и начин на употреба: деца од 3 до 5 години еднаш дневно 5 ml наутро, деца постари од 5 години еднаш дневно 10 ml  наутро. Може да се користи и разреден во вода. Пред употреба да се протресе шишето.