HERBIFIT ХЕДЕРИН СИРУП, 100 ml

Особини и намена: Herbifit Hederin сирупот од бршлен се користи за ублажување на тегобите при хронични инфламаторни болести на бронхиите и акутни воспаленија на респираторниот тракт кои се пропратени со кашлица. Содржи сув екстракт од лист од бршлен кој содржи 4-5 % тритерпенски сапонини од кои хедеракозид Ц и алфа хедерин кои помагаат при искашлување и релаксација на бронхијалната мускулатура. Истовремено со релаксација на бронхијалната мускулатура ја смирува кашлицата. Листот од бршлен спаѓа во групата на рефлексни растителни експекторанси.

Состав: 100 g Herbifit Hederin сирупот од бршлен содржи 0,35 – 0,7 g сув екстракт од лист од бршлен,  Hederae folii extractum siccum (4-8:1) (средство за екстракција 30 % m/m етанол) што одговара на 70 mg хедеракозид Ц.

Останати состојки: Секои 2,5 ml сируп содржат 1,078 g сорбитол. Производот содржи глицерол кој може да предизвика главоболка, желудочни тегоби и дијареа.

Дозирање и начин на употреба: Возрасни и деца над 12 години 15 ml три пати на ден, деца на возраст од 6 до 12 години  10 ml два пати на ден и деца од 2 до 6 години 5 ml два пати на ден.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца. Пред употреба да се протресе шишето.