HERBIFIT СИРУП ОД БЕЛ СЛЕЗ, 200 ml

Особини и намена: Herbifit сирупот од бел слез се користи за ублажување и смирување на сува кашлица, кај пациенти со болно грло. Коренот од бел слез е антитусик кој се користи кај надразнителна кашлица и ларингит. Слузта која ја содржи овој сируп ја обложува слузницата на грлото и ларинксот и на тој начин го намалува рефлексот на кашлање.

Состав: 100 g Herbifit сируп од бел слез содржи слуз од 2,5 g корен од бел слез

Останати состојки: сахароза, натриум бензоат (конзерванс) и вкус на портокал

Дозирање и начин на употреба: Возрасни 15 ml три пати на ден, мали деца на училишна возраст 5 ml три пати на ден и доенчиња 2,5 ml три пати на ден.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца. Пред употреба да се протресе шишето.