ЃАВОЛСКА КАНЏА ГЕЛ

Особини и намена:  Ѓаволска канџа гелот се користи при воспаление и болка во зглобовите и мускулите, како и за подобра подвижност на истите. Благодарение на својот состав гелот од ѓаволска канџа делува антиинфламаторно, аналгетски и антиревматски. Ги намалува воспалителните процеси во зглобовите, ја штити ‘рскавицата и ја намалува мускулната болка во пределoт на грбот, вратот и рамената. Исто така, се препорачува како помошна терапија при остеоартритис, бидејќи ја намалува потребата од аналгетици и нестероидни антиинфламаторни лекови.

Состав: екстракт од ѓаволска канџа, етерично масло од бор, прочистена вода, парафин, карбомер, метилпарахидрокси бензоат, натриум хидроксид, боја кинолин жолта C.I. 47005 (E 104).

Дозирање и начин на употреба: гелот се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на болното место, со благо втривање и се остава да делува

Пакување: 200 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.