ХОРСЕВИТ ГЕЛ (КОЊСКИ БАЛСАМ)

Особини и намена:  Хорсевит гелот (коњскиот балзам) се користи за лесна масажа кај болки во зглобови и мускули. Овој гел е различен од останатите на пазарот поради тоа што содржи екстракт од див костен кој ја потикнува циркулацијата, поволно делува на вените и капиларите, ги намалува болката, тежината, грчевите, чешањето, заморот и отекувањето на нозете. Хорсевит гелот содржи и екстракт од арника кој има аналгетско и противвоспалително дејство, етерично масло од еукалиптус кое делува антиинфламаторно и аналгетично, етерично масло од нане кое делува антиревматски и етеричното масло од тимјан кое делува антимикробно, спазмолитично и антиоксидативно.  Ментолот кој влегува во состав на овој препарат делува анестетички на болното место и пријатно ја лади кожата.

Состав: екстракт од див костен, екстракт од арника, ментол, камфор, етерично масло од еукалиптус, нане и тимјан, масло од терпентин, вода, етанол, карбомер, натриум хидроксид и имидазолидинил уреа.

Дозирање и начин на употреба: гелот се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на болното место, со благо втривање и се остава да делува. По употребата веднаш да се измијат рацете. Да се избегнува контакт со очи и лице. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка, асматичари и деца под 2 години.

Пакување: 250 ml и 500 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.