СЛИМ ФИТ ФИЛТЕР ЧАЈ

Особини и намена:  Слим фит чајот се користи за регулација на телесната тежина. Активните компоненти на кората од крушина и листот од сена ја потикнуваат работата на дебелото црево и со тоа го потикнуваат неговото празнење. Етеричните масла на ким, нане, камилица и анасон ги релаксираат цревните мускули и го подобруваат ослободувањето од гасови. Плодот од смрека содржи етерично масло кое го стимулира бубрежниот епител и на тој начин се зголемува излачувањето на урината. Со оваа комбинација на лековити билки се регулира столицата, не се внесуваат прекумерни калории и се регулира телесната тежина.

Состав: лист од сена, кора од крушина, лист од нане, цвет од камилица, плод од ким, плод од анасон, сладок корен, плод од смрека

Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути и потоа се пие свеж без да се заслади. Се употребува еднаш до два пати во тек на денот.

Пакување: 20 филтер кесички

Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место