КАНТАРИОН ВАГИНАЛЕТИ

Особини и намена: Вагиналетите со кантарионово масло се препорачуваат за намалување на воспалнителните промени кои се пропратени со зголемено излачување на вагинален секрет, за зараснување на помали ранички, епитализација на слузокожата на грлото на матката како и за намалување на промените на вагиналната слузокожа предизвикани во менопауза или состојби на хормонален дисбаланс. Благодарение на својот состав кантарионовото масло има противвоспалително, антивирусно и антисептично дејство.

Состав: една вагиналета содржи кантарионово масло (Hyperici oleum) 0,9 g

Останати состојки: бел восок (Cera alba) и цврста маст (Adeps solidus)

Дозирање и начин на употреба: една вагиналета се аплицира вагинално, еднаш дневно, навечер, пред спиење

Пакување: 5 вагиналети

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца