
Особини и намена: Уропил капсулите се диететски производ, додаток во исхрана наменет за намалување на болката кај бубрежни колики, разградување и одстранување на камења од бубрезите и уретрата. Терпените кои се наоѓаат во овој препарат се метаболизираат во глукурониди кои го растопуваат калциумот во бубрежните камчиња. Со диуретскиот ефект на Уропил капсулите се овозможува исфрлање на уретралните камчиња преку мокрењето.
Состав: една капсула содржи сув екстракт од келин 180 mg (Ammeos visnage extractum siccum) и екстракст од лимонова трева (Cymbopogon proximus extractum siccum) 72 mg.
Останати состојки: лактоза, безводна лактоза и калциум хидрогенфосфат
Дозирање и начин на употреба: возрасни 1 капсула 2 пати на ден. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка, лица кои користат антикоагулантна терапија, лица со оштетен црн дроб, трудници и доилки. Производот може да го зголеми ефектот на актихипертензивните лекови.
Пакување: 40 капсули
Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца