ПАНТЕНОЛ КРЕМ 30 g

Особини и намена: Пантенол крем се користи за нега на кожата, помага за обновување на површинскиот слој на кожата, зараснување на рани и ублажување на мали и свежи лузни. Пантенол крем ја забрзува обновата на оштетената кожа и помага при иритации предизвикани од сонце, вода, ветер и сл. Се препорачува и за нега на детска кожа.
Состав: Aqua, Petrolatum, Paraffinum Liquidum, Cetearyl Alcohol (and) Sodium Cetearyl Sulfate, Panthenol, Sorbic Acid.
1 g крем содржи 50 mg декспантенол.
Дозирање и начин на употреба: се нанесува на кожата во тенок слој, со лесно втривање, 2 до 3 пати во текот на денот. Само за надворешна употреба.
Пакување: 30 g
Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца