
Особини и намена: Лозенге актив пастилите претставуваат диететски производ, додаток во искраната кој се користи за обложување на слузницата на грлото и устата. Се препорачува кај поблаги инфекции на усната шуплина, воспаленија на непцето и слузницата на устата, кај симптоми на настинка и грип како што се: болка во устата, сувост и гребење на грлото, зарипнатост како и при лош здив.
Состав: една пастила содржи мед 0,7 g, цинк (од цинк цитрат) 3 mg и цетилпиридин хлорид 1,6 mg
Останати состојки: шеќер, гликозен сируп, регулатор на киселост (млечна киселина), бои (кинолин Е 104), ментол, арома на мед и лимон
Дозирање и начин на употреба: деца од 4 до 10 години најмногу 4 пастили во текот на денот (на секои 6 часа по 1 пастила), деца од 10 до 12 години најмногу 6 пастили во текот на денот (на секои 3 до 4 часа по 1 пастила), возрасни и деца над 12 години најмногу 8 пастили во текот на денот (на секои 2 до 3 часа по 1 пастила). Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка, деца под 4 години, трудници, доилки, дијабетичари и лица кои имаат отворени рани во усната шуплина бидејќи цетилпиридин хлоридот во забавува процесот на зараснување на раните.
Пакување: 24 пастили
Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца