КАРБОПИЛ ТАБЛЕТИ ЗА ЏВАКАЊЕ

Особини и намена: Карбопил таблетите за џвакање се користат за ублажување на потешкотии при варење на храната, надуеност, дијареа и труење со храна. Содржи две природни состојки: медицински јаглен и екстракт од анасон. Билниот јаглен доколку се применува перорално има голем капацитет да ги врзе токсините од микроорганизмите, гасовите и метаболитите од цревата, со што се зголемува нивната елиминација од организмот. Екстрактот од анасон ја подобрува перисталтиката на цревата и придонесува во елиминација на токсините и гасовите од организмот. Анасонот содржи 2-7 % етерични масла и околу 10 % неиспарливи масла.

Состав: една таблета содржи активен јаглен 210 mg и екстракт од анасон 35 mg

Останати состојки: сахароза, декстроза, стабилизатор (микрокристална целулоза), состојки против згрутчување (силициум диоксид и магнезиум стеарат)

Дозирање и начин на употреба: при надуеност 1 до 2 таблети во текот на денот после јадење, при дијареа и труење кај возрасни 3 до 4 таблети во текот на денот после јадење. Деца постари од 3 години 1 таблета на ден после јадење (може да се издроби во 200 ml чај, вода или сок). Не се препорачува да се користат повеќе од 4 таблети дневно. Доколку се употребуваат други препатати да постои растојание од најмалку 2 часа. Производот не се употребува заедно со млеко.

Пакување: 30 таблети за џвакање

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца