
Особини и намена: Брусницата е билка со потекло од Северна Америка. Нејзините плодови се богати со минерали, витамин А, витамин Ц, калциум и растителни влакна. Брусницата најчесто се користи во третман на инфекции на уринарните патишта. Чајот од брусница се користи при грчеви на мочниот меур и воспаление на бубрезите, а помага и кај лица што патат од гихт и реума.
Состав: плод од брусница 20 %, плод од јаболко 20 %, бобинки од бозел 10 %, шипка 10 %, хибискус 25 %, кора од портокал 10 %, арома на портокал 2,5 %, арома на лимон 2,5 %.
Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж и по потреба може да се заслади.
Пакување: 20 филтер кесички
Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место