ROYAL JELLY МАТИЧЕН МЛЕЧ АМПУЛИ, 1000 mg

Особини и намена: Royal Jelly матичен млеч е највреден пчелин производ. Претставува концентрат од аминокиселини, витамини (Б5, Б6, Ц), минерали, ензими, елементи во траги и есенцијални масни киселини како што е 10 HDA, која се наоѓа само во матичниот млеч. Матичниот млеч поради присувството на имуноглобулини ја зголемува природната отпорност на организмот кон разни инфекции и заболувања. Позитивно делува на зголемување на енергијата, општата состојба на организмот, јакнење на имунитетот, ја подобрува физичката подвижност и позитивно делува кај лица изложени на тежок физички и психички напор (памтење, учење, спорт).

Состав: Royal Jelly содржи матичен млеч 10 %, вода, фруктоза, природна арома на портокал

Пакување: 10 ампули (1 ампулa – 10 ml): матичен млеч 1000 mg.

Дозирање и начин на употреба: Возрасни и деца над 3 години една ампула дневно, наутро на гладно во период од 3 недели. Производот е погоден за дијабетичари и може да се користи неколку пати годишно.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца. Пред употреба да се протресе ампулата.