PHARMAGYN ВАГИНАЛЕТИ

Особини и намена: Pharmagyn е производ кој спаѓа во групата на препарати со посебна намена, кој се користи за заштита од HPV, габични и бактериски инфекции. Овој производ содржи различни хемотипизирани етерични масла кои имаат антимикробен ефект. Поради специфичниот состав Pharmagyn вагиналетите се користат кај воспалителни процеси предизвикани од бактерии, вируси и габи. Овој производ е наменет првенствено за третман на инфекции предизвикани од HPV и вагинална кандидијаза.

Состав: една вагиналета содржи етерично масло од равенсара 43,2 mg, етерично масло од чајно дрво 51,3 mg, етерично масло од ниаула 43,2 mg, етерично масло од еукалиптус 16,2 mg, масло од таман 345,6 mg

Останати состојки: витепсол Е75 и токоферил ацетат

Дозирање и начин на употреба: една вагиналета се аплицира вагинално, еднаш дневно, навечер пред спиење. Примената започнува по завршување на менструалниот циклус и трае 20 дена. Се препорачува да се повтори после секој менстуален циклус во времетраење од 3 месеци. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка и трудници.

Пакување: 5 и 10 вагиналети

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца