MEDIFIT BABY СПРЕЈ СО 5 % ПРОПОЛИС

Особини и намена: Medifit baby е безалкохолен производ за деца кој содржи 5 % прополис кој се користи за заштита и опоравување на слузницата на грлото и усната шуплина. Се користи при настинка и грип, бактериски инфекции на горните респираторни патишта, синузитис, зголемена секреција на слузокожата на носот. Medifit baby може превентивно да се употребува при воспалителни процеси на уво, грло, нос, ушна шуплина, горни респираторни патишта, подигнување на општата состојба на организмот, како и за одбрана на организмот од бактериски инфекции пред и за време на антибиотска терапија.

Состав: Medifit baby спрејот со прополис содржи 5 % сува материја од прополис растворена во макрогол

Дозирање и начин на употреба: 2 пати на ден по едно впрскување во усната шуплина. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка и деца под 7 години.

Пакување: стаклено шише од 20 ml со распрснувач

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.