HERBIFIT СИРУП ОД ТИМЈАН, 200 ml

Особини и намена: Herbifit сирупот од тимјан е диететски производ, кој се користи како бронхоспазмолитик и експекторанс кој ги намалува грчевите на мазните мускули во дишните патишта, со што се олеснува искашлувањето на бронхијалниот секрет. Поради содржината на тимол во својот состав има и благо антисептично дејство. Сирупот од тимјан се препорачува кај кашлица пропратена со обилен секрет.

Состав: 100 g Herbifit сирупот од тимјан содржи 1 g тинктура од тимјан и 2 g екстракт од јаглика

Останати состојки: сахароза, натриум бензоат, прочистена вода, водено-алкохолен екстракт од етерично масло од анасон и амониум хлорид

Дозирање и начин на употреба: Возрасни 15 ml три пати на ден, мали деца на училишна возраст 5 ml три пати на ден и доенчиња 2,5 ml три пати на ден.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца. Пред употреба да се протресе шишето.