D-MANNURO КЕСИЧКИ

Особини и намена: D-mannURO е диететски производ, додаток во исхрана кој се користи кај уринарни инфекции. D-манозата, како главна состојка на овој препарат претставува шеќер кој помага во превенција и отстранување на симптомите при инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур. Најчеста причина за инфекции на уринарниот тракт е Escherichia coli. D-манозата делува така што се врзува за бактериските клетки и на тој начин го спречува нивното врзување за ѕидовите на мочниот меур, со што се зголемува нивното излачување со урината.

Состав: една кесичка содржи D-маноза 2 g, екстракт од брусница 0,1 g, прашкаст корен од цвекло, силициум диоксид, арома на брусница и сукралоза.

Пакување: 13 кесички

Дозирање и начин на употреба:

  • кај деца од 3 до 6 години пола кесичка се раствара во 100 ml вода еднаш на ден, 7 дена
  • кај деца од 6 до 12 години една кесичка се раствара во 200 ml вода еднаш на ден, 7 дена
  • кај возрасни и деца над 12 години една кесичка се раствара во 200 ml вода два пати на ден во период од 3 дена, потоа се продолжува со растварање на една кесичка во 200 ml вода еднаш на ден, 7 дена

Производот се зема на гладно и на испразнет мочен меур. Погоден е за дијабетичари и бремени жени.

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца.