СЛИМ ФИТ 50 g РЕФУС ЧАЈ

Особини и намена:  Слим фит чајот се користи за регулација на телесната тежина. Активните компоненти на кората од крушина и листот од сена ја потикнуваат работата на дебелото црево и со тоа го потикнуваат неговото празнење. Етеричните масла на ким, нане, камилица и анасон ги релаксираат цревните мускули и го подобруваат ослободувањето од гасови. Плодот од смрека содржи етерично масло кое го стимулира бубрежниот епител и на тој начин се зголемува излачувањето на урината. Со оваа комбинација на лековити билки се регулира столицата, не се внесуваат прекумерни калории и се регулира телесната тежина.

Состав: 100 g чајна мешавина содржи: лист од сена 40 g, кора од крушина 20 g, лист од нане 5 g, цвет од камилица 15 g, плод од ким 5 g, плод од анасон 5 g, сладок корен 5 g, плод од смрека 5 g

Дозирање и начин на употреба: една супена лажица од чајната мешавина се раствара во 200 ml зовриена вода, се меша и се остава да стои 30 минути и потоа се процедува. Чајниот напиток се пие свеж без да се заслади. Се употребува еднаш до два пати во тек на денот.

Пакување: 50 g

Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место