НАНЕ ФИЛТЕР ЧАЈ

Особини и намена:   Нането е мошне миризлива билка, особенo неговиот лист, бидејќи содржи етерични масла од кои потекнува неговата лековитост. Освен етерично масло со специфичен и пријатен мирис кој освежува и лади (заради присуството на ментол) во листот од нането се присутни танини и горки состојки, кои придонесуваат дејството на ова растение да е разновидно, а примената поширока. Чајот од нане е корисен при главоболка, стомачни тегоби, несоница, општа слабост, малаксаност, настинка и кашлица. Во народната медицина нането се покажало како природен лек кој се користи при цревни заболувања (дијареа и надуеност), заболувања на дишните патишта (воспаление на устата, грлото и кашлица), а воедно делува и смирувачки.

Состав: лист од нане

Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж и по потреба може да се заслади.

Пакување: 20 филтер кесички по 1,5 g

Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место