МЕЛЕМ ПРИРОДЕН

Особини и намена:  Природниот мелем е препарат кој ја штити кожата од различни надворешни влијанија. Се препорачува кај сува и испукана кожа, тврда кожа подложна на лупење и перутање, кај помали опекотини и кај кожа чувствителна на временските влијанија. Исто така, се препорачува кај детски пеленски осип, кај трудници за спречување на појави на стрии, кај доилки за спречување на пукања на брадавици, помага и кај псоријаза, егземи, како и кај надразнета кожа од убоди од инсекти.

Состав: течен парафин, масло од рицинус, безводен ланолон, бел вазелин, глицерин стеарат, стеаринска киселина и пчелин восок

Дозирање и начин на употреба: се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на кожата

Пакување: 15 и 30 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C