КОНДРОВИТ КОМПЛЕКС КАПСУЛИ

Особини и намена: Кондровит комплекс капсулите се диететски производ, додаток во исхраната кој содржи хондроитин и глукозамин, наменет за опоравување на зглобните структури. Во нормални околности ‘рскавицата на зглобот постојано се троши и обновува. Доколку во овој процес дојде до неурамнотеженост, односно ако трошењето на ‘рскавицата е поголемо од нејзиното обновување настанува артроза (распаѓање на ‘рскавицата). Се препорачува кај лица со дегенеративни и ревматски промени во зглобовите и ‘рскавиците, отежната подвижност на зглобовите како и кај спортски повреди и трауми.

Состав: една капсула содржи глукозамин сулфат 500 mg и хондроитин сулфат 150 mg

Дозирање и начин на употреба: една капсула на ден, за време на оброк подолг временски период. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка. Дијабетичари пред употреба на производот да се консултираат со својот лекар или фармацевт.

Пакување: 45 капсули

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца.