ВЕНОГЕЛ ГЕЛ

Особини и намена:  Веногелот помага кај проширени вени, ги намалува болките, чувство на тежина и замор во нозете и ја подобрува циркулацијата. Есцинот претставува главна активна состојка на екстрактот oд дивиот костен кој го подобрува капиларниот крвоток и протокот на венската крв, го намалува собирањето на течностите во ткивото, што резултира со антиинфламаторен ефект. Присуството на етерични масла од лаванда и рузмарин делуваат рубифасциентно. Фармацевтскиот облик на гелот овозможува лесно нанесување на кожа и влакнестите делови како и добра абсорбција. Освен тоа гелот не ја мрси кожата и лесно се испира со вода.

Состав: 1 g гел содржи 10 mg есцин, изопропил алкохол 300 mg, глицерол 40 mg, триетаноламин 14 mg, карбомер 10 mg, етерично масло од рузмарин 0,5 mg, етерично масло од лаванда 0,5 mg и прочистена вода до 1 g

Дозирање и начин на употреба: гелот се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на болното место, со благо втривање и се остава да делува. Производот не е наменет за лица кои се осетливи на било која состојка и лица кои имаат отворени рани

Индикации: варикозни вени, тромбоза, посттрауматски хематоми, повреди, намален венски проток, уморни нозе

Пакување: 75 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.