БАДЕМОВА КРЕМА

Особини и намена:  Бадемовата крема за деца се користи за нега и заштита на кожата на бебињата. Бадемовото масло содржи витамин Е кој ја хидратизира и влажни сувата кожа кај бебињата, го спречува јадежот и учевствува во антиоксидативната одбрана на кожата. Цинк оксидот има лесно антисептично и адстрингентно дејство и се користи при отстранување на пеленскиот осип и други помали иритации на кожата. Талкот делува како адстрингент. Бадемот содржи витамини Е, Б и К, есенцијални минерали како што се магнезиум и калциум и заради овој состав ја подмладува, омекнува, влажни и храни кожата. Ланолинот ја одбива водата, има антибактериско дејство и создава оптимални услови за кожата да заздрави. Бадемовата крема за деца обезбедува заштитна бариера на кожата. Течниот парафин има лесни оклузивни својства. Вазелинот е типична состојка која дава влажност, ја подмачкува и спречува пукање на кожата. Сите овие компоненти придонесуваат во намалување и отстранување на пеленски осип, егзема, иритација и губиток на вода преку кожата.

Состав: бадемово масло, цинк оксид, ланолин, течен парафин, вазелин, талк, парфем, прочистена вода

Дозирање и начин на употреба: се нанесува на кожата неколку пати во тек на денот. Може да се користи во тек на бременост и доење

Пакување: 100 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C