АРНИКА ГЕЛ

Особини и намена:  Арника гелот од линијата на Herbifit козметиката со посебна намена се користи за масажа кај спортски повреди како и за поттикнување на циркулација кај уморни нозе. Благодарение на своите активни компоненти, тинктурата на арника делува како аналгетик, го намалува отокот, модрилото, интензитетот на болката, делува противвоспалително, имуностимулирачки и како адстригенс.

Состав: екстракт од арника, етанол, карбомер, натриум хидроксид, имидазолидинил уреа и прочистена вода.

Дозирање и начин на употреба: гелот се нанесува неколку пати во денот, во тенок слој на болното место на кожата

Пакување: 250 ml

Чување: да се чува на температура до 25⁰C, подалеку од дофат на деца.