ВИТАМИН Д3 2000 IU МЕКИ КАПСУЛИ

Особини и намена: Витамин Д3 е прохормон со неколку активни метаболити кои делуваат како хормони. Внесувањето на овој витамин преку храната во просек е многу мал, изнесува околу 20 % од вкупните дневни потреби, бидејќи многу малку намирници природно содржат витамин Д3. Се проценува дека повеќе од една милијарда луѓе ширум светот имаат ниска концентрација на витамин Д3 во крвта.  Витамин Д3 капсулите се додаток на исхрана кои се наменети за одржување на нормална функција на имунолошкиот систем и нормална функција на коски и мускули. Покрај одржување на густината на коските, витаминот Д3 учевствува и во минерализација на коскениот матрикс, како и во одржување на нивото на калциум во коските. Особено е значајна неговата улогата кај вирусни инфекции, автоимуни заболувања, кожни болести, деменција и депресија.

Состав: една капсула содржи витамин Д3 (холекалциферол) 2000 IU (50 µg)

Останати состојки: рафинирано сончогледово масло, глицерол, говедски желатин, триглицериди со среден ланец, DL-алфа-токоферол.

Дозирање и начин на употреба: деца над 4 години 1 капсула дневно. Содржината од капсулата се истиснува на лажичка и се дава за време на оброк. Возрасни 1 до 2 капсули дневно

Пакување: 30 и 120 меки желатински капсули

Чување: Да се чува на температура до 25 ºC, подалеку од дофат на деца