
Особини и намена: Аронијата е исклучително лековита и корисна билка која потекнува од истокот на Северна Америка. Плодот од аронија има голем антиоксидативен ефект и содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П . Исто така содржи калциум, железо, калиум, молибден, фосфор, јод и голема концетрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини).
Состав: хибискус, плод од шипка, плод од јаболко, плод од аронија, природна арома од боровинка, лист од боровинка, сладок корен.
Дозирање и начин на употреба: една филтер кесичка се раствара во 200 ml зовриена вода. Чајниот напиток се остава да стои 5-10 минути, потоа се пие свеж и по потреба може да се заслади.
Пакување: 20 филтер кесички по 2 g
Чување: да се чува на температура до 25⁰C на суво место