Мултивитаминск и сируп Rolly 11витамини 3минерали 150 ml

Мултивитаминск и сируп Rolly 11витамини 3минерали 150 ml


Витамини и минерали се неопходни за функционирање на организмот. Витамините А и Е се липосолубилни витамини и тие имаат важна улога во зајакнување на видот, здравјето на кожата како и заштита на липидните делови на клетката од слободните радикали. Хидросолубилните витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, фолна киселина, ниацин и витамин Ц се есенцијални и вклучени се во многу активности на организмот како што е производство на енергија на клеточно ниво, биосинтеза на ензими и хормони, имунолошка реакција и заштита на хидрофилните делови на клетката од слободните радикали. Витаминот Ц помага во абсорбција на железото и учествува во многу оксидно – редукцијски процеси во организмот. Минералите во телото ги извршуваат следните функции : ги зајакнуваат коските и забите, служат како составни елементи на органите и мускулите, крвта, нервите и други органски ткива, го активираат ензимскиот систем, учествуваат во одржување на ацидобазната рамнотежа, учествуваат во комуникација со нервниот систем, во метаболичките реакции итн. Внесот на витамини и минерали кај децата е неопходен за правилен раст и развиток на организмот. Витамините имаат важна улога за правилен развој на децата и допринесуваат за физичкото и менталното здравје кај децата. Дополнително, матичниот млеч допринесува за одржување на функцијата на имунолошкиот систем. Rolly мултивитаминскиот сируп за деца е граничен производ кои содржи 11 витамини, 3 минерали и е збогатен со матичен млеч. Се препорачува :
• за правилен раст и развиток кај децата
• за заштита и подобрување на функциите на имунолошкиот систем
• за деца со намален апетит и симптоми како што се слаба концентрација на училиште, истоштеност и раздразливост
• како додаток на терапија со антибиотици
• како диететска надополна на витамини и минерали особено кај децата во текот на зимскиот и пролетниот период.

Состав :

прочистена вода, фруктоза, трикалциј цитрат, Л-аскорбинска киселина, магнезиј цитрат, матичен млеч, ксантан гума, регулатор на киселоста: лимонска киселина, Д-а-токоферол ацетат, ниацин, конзерванси: калиј сорбат и натриј бензоат, арома на портокал, калциум пантотенат, природен хидрохлорид, тиамин хидрохлорид, рибофлавин, ретинил палмитат, железо глуконат, фолна киселина, биотин, цијанокобаламин.

Дозирање:
Деца постари од 3 години земаат 5 мл сируп еднаш дневно, наутро.
Деца постари од 5 години земаат 10 мл сируп еднаш дневно, наутро.
Може да се користи и разреден со вода.
Пред употреба да се протресе.


Пакување :

Стаклено шишенце со 150 мл сируп, упатство за користење и лажичка за дозирање.