Рибино масло

Рибино масло

Диететски производ, додаток во исхрана 90 меки желатински капсули
Особини и намена : Рибино масло капсулите се диететски производ, додаток во исхраната со цел да се воведе природен извор на омега 3 масните киселини, витамин A и Д3. Рибино масло тип А е прочистено масло од свеж хепар на Gadus morhua L. и други видови на риби од семејството на Gadidae. Рибиното масло со кое се наполнети овие капсули содржи голема количина на омега 3 масни киселини како и Д-алфа токоферол со што се заштитува срцето и крвните садови. Содржината на витаминот А поволно делува на видот особено кај кокошкино слепило и оштетување на рожницата. Поради присутство на витамин Д се користи како превенција на остеопороза, како и средство за јакнење на организмот и за подобрување на општата здравствена состојба. Рибиното масло е особено важно за правилниот раст и развој на децата. Ја регилира апсорбција на калиум и фосфор од дигестивниот тракт кои се неопходни за раст и развој на коскено-мускулниот систем со што се спречува појава на рахитис.

Дозирање и начин на употреба
Препорачана дневна доза за заштита на крвните садови како и заштита на коските кај возрасни лица е еднаш дневно по 2 капсули после јадење.
Кај акутни воспалителни процеси на кожата и при јадеж на кожата се препорачува 3 пати на ден по 1-2 капсули после јадење.
За превенција на рахитис се препорачува на деца од 1 до 3 години по совет на лекар да пијат по една капсула на ден во зимскиот период кога има помалце сончева светлина.