Реума маст 50 мл

Реума маст 50 мл


Карактеристики и намена : Реума маста е наменета за намалување на ревматските проблеми и болките во зглобовите. Поволно делува на намалување на проблемите кај хроничните ревматски процеси. Доведува до забрзување на протокот на крвта што овозможува побрзо отстранување на метаболичките продукти кои ги предизвикуваат болките. Ментолот и камфорот делуваат и лесно аналгетски, а самиот ментол предизвикува чувство на ладење.

Дозирање и начин на употреба
Реума маста е наменета само за надворешна употреба.
Се нанесува со втривање на болното место 3-4 пати на ден.
Премачканото место треба да е во еден слој и при една примена се истиснува од тубата околу 2 цм од маста.