Остеовит

Остеовит

Диететски производ, додаток во исхрана 30 таблети
Особини и намена : Остеовит таблетите се диететски производ, додаток во исхраната кој е наменет како помош при остеопороза. Формулирани се така што содржат оптимална количина на калциум, витамин D, цинк и витамин Ц кои се неопходни за зачувување на здрава коска. За да се задоволат потребите на организмот за калциум тој се извлекува од коскиното ткиво со што коските станиваат порозни и кршливи. Поради тоа потребно е дополнително внесување на калциум преку исхраната или со помош на додатоци во исхраната. Вгарадувањето на калциумот во коските го помага витаминот D. Доколку во телото недостига витамин D калциумот внесен во организмот нема да може да се абсорбира. Витаминот Ц пак влијае на коскениот матрикс. Коскениот матрикс 90% е изграден од колаген, а витаминот Ц е есенцијален за создавање на колагенската структура.

Дозирање и начин на употреба
За превенција кај остеопороза земајте 1 таблета на ден со чаша млеко.
Како потпора при медикаментозна терапија кај остеопороза земете 1 таблета наутро и 1 таблета навечер со чаша млеко.