Кондровит Kомплекс

Кондровит Kомплекс

Диететски производ, додаток во исхрана 45 капсули
Особини и намена : Кондровит комплекс капсулите се диететски производ, додаток во исхраната со намена за опоравување на зглобните структури. Во нормални околности рскавицата на зглобот непрестано се троши и обновува. Доколку во овој процес дојде до неурамнотеженост, односно ако трошењето на рскавицата е поголемо од нејзиното обновување настанува артроза (пропаѓање на рскавицата). Болеста се појавува најчесто после 40 год. од животот и може да го зафати било кој зглоб. Глукозаминот и кондроитинот природно се синтетизираат во организмот и потоа учествуваат во одржавањето и формирањето на здраво зглобно ткиво. Со истовремена примена на овие два елементи можно е да се подобри опоравувањето на зглобните структури и да се намали болната состојба предизвикана со нивното пропаѓање. Заради тоа Кондровит комплекс капсулите се препорачуваат кај дегенеративни и ревматски промени на зглобовите, кај отежната подвижност на зглобовите како и кај спортски повреди и други повреди и трауми.

Дозирање и начин на употреба
Се зема 2 пати на ден по една капсула со јадење. Пациенти со дијабет треба да се консултираат со лекар.