Дермавит псоријаза 100 мл

Дермавит псоријаза 100 мл


Карактеристики и намена : Заради својот специфичен состав оваа крема првенствено е наменета за сува и испукана кожа подложна на лупење како и за црвена и воспалена кожа. Дермавит кремата ја хидратизира и ја омекнува кожата и помага при регенерација и смирување на незината површина. Има противоспалително, антисептично и фунгицидно дејство. Успешно помага кај атописки дерматитис, неуродерматитис, псоријаза, егземи како и кај алергии, херпеси и други кожни болести.

Дозирање и начин на употреба
Се нанесува со лесно втриење на оштетеното место на кожата еднаш на ден (препорачливо навечер пред спиење).
Постапката се повторува се додека постојат промени на кожата.

Предупредување
Во почетокот на примената можни се нови кожни промени што е знак на прочистување на организмот и излачување на секрет.
Не се препорачува на деца помали од 5 години.
Производот не треба да го употребуваат лица чуствителни на состојки од производот.
Да се избегнува излагање на сонце со третирани делови од кожата.
Да не се нанесува на лице и чуствителни делови на телото.
Да се избегнува контакт со очите.
Да се чува вон дофат на деца.