Бадемова крема 100 мл

Бадемова крема 100 мл


Карактеристики и намена : Бадемовата крема за деца се користи за нега и заштита на кожата на бебињата. Помага во лекување и го спречува пеленскиот осип. Бадемовото масло содржи витамин Е кој ја хидратизира и ја влажни сувата кожа кај бебињата и го спречува јадежот. Витаминот Е се акумулира во ќелиските мембрани и допринесува во антиоксидативната одбрана на кожата. Цинк оксид има лесно антисептично и а дстрингентно делување и е корисен кај отстранување на пеленскиот осип и други помали иритации. Цинкот помага при заздравување на рани и спречува иритација на кожата од пеленската влага. Талкот делува адстрингентно и исто така спречува појава на пеленскиот осип. Бадемот содржи витамини Е,Б и К, есенцијални минерали како што се магнезиум и калциум и заради овој состав ја подмладува, омекнува, влажни и храни кожата. Ланолинот ја одбива водата и има антибактериско делување и создава оптимални услови за кожата да заздрави. Бадемовата крема за деца обезбедува заштитна бариера на кожата. Течниот парафин има лесни оклузивни својства. Сите овие компоненти помагаат во спречување и отстранување на пеленскиот осип, егземи, иритации и спречуваат губење на вода од кожата. Вазелинот е типична состојка која дава влажност, ја подмачкува и спречува пукање на кожата.

Дозирање и начин на употреба
Се нанесува на кожата на бебињата, каде и кога е тоа потребно.
Може да се користи и додека трае доењето.