Аронија со боровинка филтер чај 20 x 2 g

Аронија со боровинка филтер чај 20 x 2 g


Аронија : Аронијата е исклучително лековита и корисна билка која потекнува од истокот на Северна Америка, каде покрај Aronia melanocarpa (црноплодна аронија) може да се најде и Aronia arbutifolia (црвенолисна аронија). Плодовите од аронија имаат најголем антиоксидативен капацитет меѓу овошјето. Се смета за еден од најбогатите билни извори на фитокемикалии, вклучувајќи ги процијанидите и антоцијани. Плодот на аронија има низок процент на калории и масти ама е богат извор на витамини, минерали, антиоксиданси и прехрамбени влакна. Плодовите на црната аронија се искличително богати со витамини . Содржат витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П . Исто така содржи калциум, железо , калиум, молибден , фосфор и јод. Има голема концетрација на антиоксиданси ( танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, , катехини, ) Се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна во превенција од малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни материи па и од тешки метали. Освен тоа, аронијата содржи и редок овошен шеќер, сорбитрол. Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.
Состав : Хибискус, плод од шипка, плод од јаболко, плод од аронија, природна арома од боровинка, лист од боровинка, сладок корен.
Припрема : Една филтер врекичка прелијте ја со 2 dl зовриена вода и поклопете.
По 5 -10 минути извадете ја филтер врекичката и уживајте во природниот вкус. Засладете по желба.