Aнтидеп 30 дражеи

Aнтидеп 30 дражеи

Диететски производ, додаток во исхрана
Особини и намена : Главна делотворна компонента на кантарионот е хиперицин. Toj го подобрува расположението така што ја намалува потиштеноста, вознемиреноста, анксиозноста, меланхолијата, рамнодушноста и безволноста како и пропратните појави : несоница, замор, покачен или намален апетит и сл. Ја намалува нервозата и раздразливоста. Антидеп дражеите се препорачуваат како диететски производ, додаток во исхраната со цел да се подобри расположението кај луѓето со нервната напнатост.

Дозирање и начин на употреба
Возрасните земаат две дражеи на ден (една пред појадок и втората за време на ручек).
Во случај на несоница, втората дражеа треба да се испие пред спиење.
Деца од 6 до 12 год. смеат да го користат Антидеп само по препорака на лекар и тоа не повеќе од една дражеа на ден.
На деца помали од 6 год. не се препорачува употреба на Антидеп. Се препорачува употреба во време од месец до месец и половина.
Доколку во тој временски период нема подобрувања се препорачува да се обратите на лекар.
Доколку се почитува начинот на примена, многу ретко можат да се појават несакани дејства ( мачнина, осип, слабост или вознемиреност).
Во тој случај треба да се прекине со употреба на производот и да се консултира лекар.